Отворен ден за студенти со можности за пракса во АПТИВ – Македонија!

posted April 24, 2018

Дојдете на Отворениот ден за студенти во АПТИВ – Македонија и откријте ги можностите за пракса во брзорастечка интернационална компанија!

АПТИВ е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија, што испорачува напредни електрични, електронски и безбедносни решенија за производителите на возила ширум светот, на тој начин овозможувајќи автомобилите да бидат побезбедни, поеколошки и подобро поврзани.

АПТИВ е брзо растечка интернационална компанија која за првпат беше отворена во Македонија во 2016-та, под името Делфи Електроникс Систем во технолошко-индустриската развојна зона во Бунарџик. Новиот бренд и име подобро ја отсликуваат визијата на  АПТИВ – „креатор на мобилната иднина“.  Денес, повеќе од 420 луѓе работат во АПТИВ – Македонија и заеднички ја оставаруваат визијата за мобилна иднина.

Доколку и ти сакаш да ја почувствуваш атмосферата, да се запознаеш директно со менаџерскиот тим, да дознаеш за сите работни можности и професионално да се развиеш, аплицирај за Отворениот ден за студенти во АПТИВ – Македонија! Поради потребите за проширување на тимот, студентите кои ќе присуствуваат ќе имаат можност за пракса во компанијата!

Кога се случува Отворениот ден за студенти?

15-ти мај од 10:00 ч. - 14:00 ч.

Кој може да аплицира?

Студенти во 3-та или 4-та година студии на следниве факултети:

  • Факултет за електротехника и информациски технологии;
  • Машински факултет;
  • Факултет за информатички технологии и компјутерско инженерство.

Што нуди АПТИВ – Македонија?

  • Динамична кариера во водечка, светски позната компанија;
  • Можност за професионален и личен развој во меѓународна средина;
  • Можност за имплементирање на сопствени идеи и решенија.

Како да аплицирате за Отворениот ден во АПТИВ-Македонија?

  • Испратете кратка биографија на office@macedonia2025.com, најдоцна до 10-ти мај, 2018.

Доколку сакате да работите на многубројни проекти, да ги развиете вашите вештини и да напредувате во кариерата, АПТИВ е вистинското место за вас!

За повеќе информации, посетете ја официјалната веб-страна.

back