Отворен повик за 11-то издание на ЛИДЕР проектот: Врвна програма за бизнис образование во Македонија

posted March 7, 2018

To read the open call in English, please click HERE.

Македонија2025 објавува отворен повик за ЛИДЕР проектот кој по 11-ти пат ќе се одржи во Скопје од 7-18 мај!

Ivey School of Business го организира ЛИДЕР проектот уште од 1991-ва година. Оваа програма која е целосно бесплатна е всушност десетдневна MBA (Management and Business Administration) работилница, која ги охрабрува и поттикнува македонските претприемачи да развијат локални бизнис решенија, кои пак создаваат нови можности во нивните општества.

Претприемачите ќе имаат можност да ги развијат своите аналитички вештини и во целост да го развијат  нивното чувство за бизнис. Покрај тоа, овие претприемачи ќе можат одблизу да работат со инструкторите од ЛИДЕР проектот со цел да ги претворат своите идеи во реални бизниси на пазарот или пак да реализираат новитети во работењето на нивниот веќе постоечки бизнис. Без разлика на која група припаѓате, ЛИДЕР проектот ќе ви помогне да стигнете чекор поблиску до реализирање на вашите цели!

Кој може да аплицира?

Ако сте претприемач, менаџер, сопственик на компанија или млад професионалец, кој делува локално, а мисли глобално и ако сте решени да ја остварите Вашата идеја, тогаш ЛИДЕР Проектот е за Вас.

Кога и каде ќе се одржи?

ЛИДЕР Проектот ќе се одржи од 7-ми до 18-ти мај, секој работен ден од 12:00-16:00 часот во Скопје. Локацијата ќе биде дополнително објавена.

Само на учесниците кои ќе присуствуваат на минимум осум денови од работилницата, ќе им бидат доделени сертификати.

Како да аплицирам?

За да аплицирате на програмата, на elena@macedonia2025.com испратете:

- Апликација во ПДФ формат, која треба да ја пополните, а може да ја симнете ТУКА.

- Биографија до 200 зборови (пример на следниот линк:http://www.macedonia2025.com/about/leaders_club)

- Фотографија во боја

Крајниот рок за аплицирање е 10-ти април 2018.

Повикот може да биде затворен и пред предвидениот рок, во зависност од квалитетот на добиените апликации.

Со нетрпение очекуваме уште едно успешно издание на ЛИДЕР прокетот во мај!

*Македонија2025 ќе додели стипендии во вредност од 500 евра само за кандидатите кои ќе имаат најдобри бизнис идеи или веќе поседуваат стартап компанија. Во зависност од квалитетот на примените апликации, бројот на стипендии може да се разликува од бројот на учесници во претходните години.

back