Агенцијата Марили по четврти пат го организира тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“

posted March 1, 2018

Ве покануваме да присуствувате на одлични предавања и едукации од тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“ кој што ќе се одржи на 31.03.2018 (сабота) во хотелот Holiday Inn - Скопје од 10.00-16.00 часот.

Агенцијата Марили по 4-ти пат го организира тематскиот ден со ребрендирано лого и назив и тој е посветен на животниот стил на современата жена и за таа цел ќе бидат презентирани едукации од експерти од областа на медицината, фармацијата, козметологијата, личниот развој, развој на кариерата, модата, здравата исхрана и др. Истовремено од истите овие области ќе се претстават со изложбени штандови огромен број компании, а штандовите освен изложбен, ќе имаат и продажен карактер.

Во централниот дел на денот ќе има и дебата со специјалната гостинка Јелена Бачич Алимпич, позната новинарка, тв водител и писателка од Р.Србија. Дебатата ќе се однесува на тоа што претставува современата жена од денешен аспект и таа ќе биде од отворен карактер. Тематскиот ден ќе продолжи со хуманитарен проект, односно со хуманитарна аукција на слики во која ќе учествуваат и жените менаџери од МАРИЛИ БИЗНИС КЛУБ, а собраните средства ќе бидат донирани во ЈЗУ.

Овде може да ги погледнете сите предавачи на тематскиот ден „ДАМА-ДА - Здравјето и убавината во функција на современата жена“.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од овој настан!

back