Guide Book Macedonia- Нов водич за Македонија

posted February 1, 2016

Издавачката куќа “Љубовта е Петтиот Елемент” работи на продукција на туристички водич за Македонија на англиски јазик кој треба да излезе од печат во март 2016 (оригинален наслов: GUIDE BOOK MACEDONIA). Според обемот и квалитетот ова е енциклопедиско издание. Материјалот кој што е содржан во Водичот е резултат на проекти од областа на туризмот и презентација на Македонија, кој што е прибиран и работен во последните 15 години. 400 страни, испишани со богат туристички материјал кој содржи 50 мапи, десет 3D мапи на поголемите градови во Македонија, 100 илустрации и 999 фотографии кои покажуваат голем дел од богатствата кои ги крие оваа земја. Водичот поседува врвен квалитет еднаков на изданијата на големите светски издавачки куќи: печатен во полн колор на квалитетна хартија кунсдрук, шиени страни. Преводот е направен во Македонија, а јазичната редакција во Англија. Македонија со овој туристички водич ќе добие едно од најквалитетните национални промоции во регионот. Содржината на оваа национална промоција е исклучително вредна и овозможува како никогаш досега да се предизвика интерес во светот од кој ќе имаат добивка сите кои директно или индиректно се дел од овој проект. Покрај моќната дистрибуција во земјава, планирана е и дистрибуција во САД, Канада, Австралија и некои европски држави. Водичот ќе се продава и преку интернет страната www.Amazon.com.
 

Можности за соработка и учество

Во Водичот предвидени се два начини на претставување:

  • Простор на внатрешна страна: 1/1, 1/2 или 1/4 страна
  • Обележување на мапа

За секој од начините на претставување, следува соодветен број бесплатни примероци од Водичот. Компанијата доколку препознае сериозен интерес да биде дел од оваа голем национална промоција можат дополнително да се стекнат со статус на Премиум спонзор, Златен спонзор или Сребрен спонзор.

Дистрибуција и продажба

За првото печатење на Водичот планиран е тираж од 5.000 примероци. Начинот на дистрибуција и продажба ќе биде разновиден и даден е во продолжение заедно со количините распоредени територијално.

За повеќе информации обратете се на gbmacedonia@gmail.com

back