Loading Events

« All Events

  • This event has passed.

Македонија2025 Самит

ноември 7, 201812:00 am - ноември 10, 20182:00 pm

Срдечно Ве покануваме да ни се придружите на седмото издание на Самитот Македонија2025, кој ќе се одржи од 7-ми до 10-ти ноември во Скопје, Македонија. Самитот претставува врвен регионален собир односно платформа за споделување знаења и инспиративни промени во регион кој е желен да се трансформира. Самитот како говорници ги има едни од најголемите умови во бизнисот, науката и технологијата, кои инвестираат, финансираат или потпомагаат пронајдоци кои ја обликуваат сегашноста, што е и во чекор со водечките светски земји.

Оваа година, под мотото „Славиме успех“, имаме за цел повторно да ги истакнеме лидерите од целиот свет, кои ги спроведуваат најдобрите деловни практики со огромен успех. Годинава очекуваме повеќе од 40 врвни говорници и разновидна публика составена од над 500 високи претставници, дипломати, директори, претприемачи, членови на академијата и млади лидери.  На пиедестал ќе ги ставиме успешните приказни кои се реализираа преку напорите на инвеститорите и претприемачите. Ќе чуеме за приказните на неколку меѓународно успешни македонски стартапи и ќе го промовираме образованието и најдобрите практики за лидерски развој. Како и секогаш, ќе дискутираме за светските економски трендови и водечките примери во областа на обновливите извори на енергија, природните ресурси, енергијата и сл.  Ќе се дебатира на теми поврзани со високата технологија и ИТ, дополнително фокусирајќи се и на здравствената заштита како посебна панел-сесија оваа година.

Во претходните изданија на Самитот имавме клучни говорници како д-р Гурудут Банавар – Шеф на одделот за наука и заменик-претседател на IBM Research; Хари Крамер – Професор по менаџмент на Келог – САД; Сенди Ог – Оперативен партнер на Блекстоун груп; Мајк Зафировски – Член на Одборот во Боинг; Крис Галвин – Поранешен извршен директор на Моторола; Суан Хијанг Ли – Претседател на Одборот за економски развој – Сингапур; Ацо Момчиловиќ – Главен директор за човечки ресурси во Римац Автомобили; Рубен Вардањан – Руски инвеститор и социјален претприемач, како и многу други звучни имиња.

Ни претставува огромно задоволство да Ве поканиме да ни се придружите на овој настан и да оставите свој белег во креирањето на подобра, поефикасна и економски поразновидна иднина во земјите на Југоисточна Европа и Република Македонија.

Sincerely,

Zoran Martinovski,

IFC World Bank Country Manager

ana-arsov

Ana Arsov,

Managing Director in Moodyʼs U.S. Financial Institutions team

Details

Start:
ноември 7, 2018 12:00 am
End:
ноември 10, 2018 2:00 pm
Event Category:

Organizer

Macedonia2025
Email:
office@macedonia2025.com
Website:
macedonia2025.com