Фонд за поддршка на талентирани средношколци и студенти „Таленти денес – лидери утре

По успешноста на минатогодишниот пилот-проект, Фондот за поддршка на талентирани средношколци и студенти „Таленти денес – лидери утре“ обезбеди средства да помогне на поголем број талентирани млади од земјата во периодот од 2019-2022. Оваа година беа доделени стипендии на 10 индивидуи, при што поддршката за секој кандидат изнесуваше 60 илјади денари.

Стипендирањето на десетте средношколци и студенти им овозможува континуиран развој на талентот и вештините преку менторство, учество на меѓународни натпревари, обуки, како и пракса во истакнати компании. На овој  начин, Македонија2025 активно придонесува кон развојот на инклузивно општество и ги поддржува младите во државата да ги остварат своите целосни професионални и лични потенцијали.

Стипендиите се обезбедени преку донации и соработка со корпоративните и индивидуални партнери на организацијата Македонија 2025. Ова е само една од иницијативите преку кои Македонија2025 ја остварува својата мисија – поддршка на економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Целосното соопштение е достапно на следниот линк ОВДЕ.

Отворениот повик за 2019 е затворен.