Донирај
X

Идни Настани

Дружете Не

Раководството на Македонија2025 оствари средба со Заев: Да го искористиме огромниот потенцијал за соработка

By четврток, der 21. март 2019Announcements

Претседавачот на Одборот на директори на Македонија2025 – Вера Ставроф и главниот извршен директор, проф. д-р. Никица Мојсоска-Блажевски вчера остварија средба со премиерот Зоран Заев, каде разговараа за можностите на продлабочување на соработката во насока на поддршка на економскиот развој на земјата.

„Македонија2025, како економски „глас” на нашата дијаспора, има уникатна позиција да помогне во забрзување на економскиот раст на земјата, зголемен извоз на македонските компании и привлекување на нови инвестиции“, истакнува проф. д-р. Мојсоска-Блажевски, главен извршен директор на организацијата.

Владата на Република Северна Македонија има намера да ги зајакне врските со бизнис-заедницата во земјата и дијаспората, и во таа насока започнува со реализација на конкретни проекти и идеи што ќе ја унапредат економската соработка.

„Македонија2025 се разви во една кредибилна организација чии мислења и оценки се земени во предвид од страна на релевантни институции, компании и поединци. Драго ми е што заеднички ќе работиме на зајакнување на соработката со бизнис-заедницата во нашата земја и дијаспората. Остануваме фокусирани на економскиот развој“, додава Вера Ставроф, претседавач на Одборот на директори на Македонија2025.  

Премиерот Заев посочува дека целите на Македонија2025 се во линија со долгорочните цели на државата за економски развој, со што постои огромен потенцијал за соработка кој треба во целост да се искористи.

На средбата се зборуваше и за потенцијалите на економски раст што ги поседува Република Северна Македонија кои може да бидат ставени во функција преку привлекување на нови инвестиции во овие сектори, од домашни и странски инвеститори.

Go back