posted March 9, 2018

Промотивни настани на Македонија2025 во Тетово, Прилеп и Штип

Македонија2025 со задоволство Ве поканува на промотивните настани кои ќе се одржат во Тетово, Прилеп и Штип

Настаните имаат за цел да ја претстават организацијата, да ги промовираат нашите активности и образовни програми, како и да ги поврзат бизнис професионалците со претставниците преку можности за заедничка соработка.

На настанот ќе се промовира и Самитот на Македонија2025 кој е најголемиот настан од овој вид во Македонија и регионот. МК2025 Самитот е динамична платформа за споделување на знаења од областа на бизнисот, лидерството и иновациите. Следејќи го трендот на претходните години, и оваа година очекувани се повеќе од 40 панелисти, врвни експерти и високо рангирани регионални и глобални лидери.

Промотивните настани ќе се одржуваат по следниов редослед:

  • Тетово: 14-ти март, од 15:30 до 17:30 часот, во просториите на BDC Conference Room при SEEU TechPark – домаќин и партнер на настанот
  • Прилеп: 20-ти март, од 15:30 до 17:30 часот, во просториите на Микросам АД – домаќин и партнер на настанот
  • Штип: 22-ри март, од 15:30 до 17:30 часот, во просториите на Urbanista Hotel & Bar 

За повеќе информации контактирајте нè на: office@macedonia2025.com

Ве очекуваме!

back