posted February 14, 2018

За првпат во Македонија: Нова програма за претприемачи на семејството Битов во соработка со CESO!

 

Отворен повик за апликации за програма за развој на микро, мали и средни компании во Македонија

Општи информации:

Македонија2025 ја обележува 2018 со почетокот на нова образовна програма. Програмата имаше екслузивна најава на Самитот 2017 од страна на ко-основачот на Македонија2025 Џон Битов Помладиот, кој со фондацијата на неговото семејство се јавува и како спонзор на истата. Македонски микро, мали и средни компании ќе можат да аплицираат за оваа стипендија во вредност од 5000 американски долари.

Програмата за претприемачи- The Bitove Family Entrepreneurship Program, е  основана во соработка со CESO (Canadian Executive Service Organization)СЕЅО е канадска организација со 50 годишнo искуство во меѓународниот економски развој. Организацијата работи на развој на приватниот сектор и на зацврстување на структурите кои ги водат економските и општествените промени на локално, национално и меѓународно ниво.

Македонија2025 има заедничка мисија со СЕЅО да влијае на подобрување и зајакување на конкурентноста на македонските компании. Сакаме ова да го постигнеме преку советниците на СЕЅО, кои се професионалци со повеќе од 30 години на богати професионални кариери во реномирани глобални канадски компании. Тие ќе работат на конкретни предизвици со кои македонските компании се соочуваат секојдневно. Канадските советници, според својата експертиза ќе бидат поврзани со компанија и ќе дојдат во Македонија со цел да работат заедно со македонските претприемачи на развој на нивната компанија.

Тие ќе бидат на располагање на компанијата во времетраење од 2-4 недели. За време на тој период, советникот преку тренинзи и менторирање ќе ги пренесува најдобрите бизнис алатки, процеси и системи за подобрување на организациските, производствените, аналитичките и маркетиншките процеси на компаниите.

Советниците опфаќаат најразлични области, вклучувајќи: финансии, туризам и угостителство, агри-бизнис, ИКТ, менаџмент на природни ресурси, обновливи извори на енергија, преработка на храна...

Презентацијата на Џон Битов помладиот, може да ја погледнете на следниот линк.

 

Кој може да аплицира?  

Програмата е наменета за микро, мали и средни претпријатија кои ги исполнуваат следните услови:

  • Минимум постоење од една година
  • Сопственик и управител на компанијата е македонски државјанин и жител
  • Високо ниво на посветеност од страна на менаџментот на компанијата
  • Експертиза во одредена област
  • Во добра финансиска состојба (има можност за имплеметирање на промените и препораките од советникот)
  • Ги исполнуваат критериумите за мали и средни претпријатија во Македонија:

Предност ќе имаат компании кои се извозно ориентирани и имаат иновативни решенија.

Што обезбедува Македонија2025?

  • Трошоци за пат, виза, осигурување и тарифа на советникот
  • Евалуација на апликациите, водење на целиот процес на селекција, закажување интервјуа со интернационална комисија и претставници од СЕЅО
  • Координација на сите активности пред доаѓањето на советникот во компанијата
  • Следење на соработката помеѓу советникот и компнијата

Што обезбедува кандидатот?

  • Лице од компанијата кое ќе биде постојано достапно на советникот, најтесно ќе соработува со него за време на посетата и има добро познавање на англиски јазик
  • Сместување и трошоци за храна во текот на целиот престој на советникот
  • Локални патни трошоци за советникот (доколку е потребно)

Дополнително компаниите може да се погрижат и за викендите и слободното време на советникот

Како да аплицирате?

Сите заинтересирани треба да испратат на borche@macedonia2025.com:

  • Пополнета апликација на англиски јазик, која може да ја симнете тука
  • Краток опис на вашата компанија, како и за тоа зошто ви е потребен советник (на англиски јазик)
  • Дополнителни документи, брошури или каталози за компанијата се добредојдени

Повикот е отворен до 15-ти септември, 2018.

"Како прв апликант ние го скршивме мразот. Сега ги охрабруваме сите компании да аплицираат бидејќи експертизата која ќе ја добијат ќе има огромен импакт во развојот на нивните компании!" Илија Јолевски, ко-основач на Inellipse

Inellipse Software Solutions од Битола е првата компанија-стипендист на Битов-програмата за претприемачи

 

back