posted July 5, 2018

Во ноември ќе се одржи седмото издание на Самитот Македонија2025

Од 7-ми до 10-ти ноември, Скопје по седми пат ќе биде домаќин на Самитот Македонија2025. Самитот претставува водечка регионална платформа за споделување на последните светски трендови во бизнисот, инвестициите, технолошките иновации и одговорното лидерство. 

Очекуваме повеќе од 50 исклучителни говорници, а од кои повеќе од 20тина веќе го потврдрија своето учество, меѓу кои: Скот Ресник – Главен оперативен директор на Hardin Design & Development, Основач и прв Извршен Директор на StartingBlock Madison, Inc. – САД; Максимилијан Ламбертсон – Водечки аналитичар за Источна Европа во The Economist Intelligence Unit - Велика Британија; Игор И. Тулевски - Кардиолог и Основач на Cardiologie Centra Nederland (CCN) - Холандија; Кати Ицева – Главен Менаџер за софтверско инженерство во Microsoft - САД, Љупка Арсова – Постар инженер за животна средина за енергетски решенија со ниско ниво на јаглерод во Eastern Research Group, Inc. - САД; Сесилија Херцел – Шведски претприемач и Ко-основач на CMO goes Tech - Шведска и многу други.   

Официјалната програма на Самитот ќе биде исполнета со над 20 панел-дискусии и паралелни работилници. Очекуваме интересни дебати за вредносно лидерство, стратегии за brain gain, светските економски трендови, регионалните инвестиции и економските перспективи. Ќе се зборува и за најдобрите практики во изворите на обновлива енергија, научните паркови и центрите за иновации, а особено внимание ќе биде посветено и на најновите технологии во здравствената грижа.

Годинава ги славиме филантропијата, лидерството и успехот. Одбележуваме 7 години од Самитот Македонија2025 и 10 години од постоењето на организацијата. Па така, за првпат ќе биде организирана и добротворна гала-вечер во чест на Џон Битов Постариот, каде ќе бидат претставени успешни стории на тројца талентирани студенти од ранливи категории, кои добија средства од добротворниот фонд на Македонија2025 и за прв пат ќе биде врачена статуетката Џон Битов Постариот.

Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од најголемата платформа за поврзување и развивање на соработка во регионот со над 500 делегати вклучувајќи дипломати, членови на академијата, врвни експерти и признати бизнис професионалци од дијаспората.

Редовната регистрација за Самитот е отворена до 30-ти септември со поволности за мали и средни компании. 

Регистрирајте се на официјалната веб-страна: http://www.mk2025summit.com

back