Прошири ја својата бизнис мрежа во Шведска на МК2025 форумот во Стокхолм (Јуни 13-14)

posted April 18, 2017

На наше огромно задоволство ви соопштуваме дека овогодинешниот форум за вмрежување ќе се одржи на 13-14 Јуни во Стокхолм, Шведска. Настанот е организиран од страна на Македонија2025 заедно со Амбасадата на Република Македонија во Шведска и Стокхолм бизнис регионот.

Доколку сте бизнис професионалец од Македонија или од странство, кој сака да ја прошири својата бизнис мрежа, да создаде нови можности за бизнис, да научи повеќе за еко – индустриите и за Шведска ( Која е прва земја во светот по одржлив раст и развој) , тогаш топло ви го препорачуваме овој настан. Настанот е бесплатен, а капацитетот на локацијата е со ограничен број на места, така што регистрацијата за настанот ќе се спроведе на “first come first served” основа. За да се регистрирате ве молиме кликнете ТУКА. За да ја разгледате агендата ве молиме кликнете ТУКА.​

back