Отворен ден за едукативни програми на МК2025 – Можностите се тука, само треба да ги искористиш

posted March 17, 2017

На 15 март се одржа Отворениот ден за промоција на едукативните програми на Македонија2025. 

На настанот беа претставени програмите на школото за бизнис и менаџмент Келог, центарот за едукација на извршен кадар Шулих, Лидер Проект на школото за бизнис Ричард Ајви и програмата за претприемачи на Џон Битов. 

Воедно, претставникот на Руската претседателска академија, Наталија Абрамова, и кандидатот за докторски студии, Никола Ќурчиски, претставија неколку академски програми на Академијата, како и можноста да се аплицира за стипендија во посредство на Македонија2025.

По настанот, Наталија Абрамова изјави: "Добивањето на целосна стипендија за студирање на Руската претседателска академија за национална економија и јавна администрација (РАНЕПА) им овозможува на младите да се стекнат со глобално-компетитивна диплома и можности за стекнување меѓународно искуство во главниот град на Руската федерација. 

Македонските средношколци и студенти можат да аплицираат за додипломски или постдипломски студии во неколку области, со многу поволни услови за живеење во интернатот на академијата. Ги поканувам сите заинтересирани да ја искористат можноста и да аплицираат за стипендија преку нашиот едукативен партнер Македонија2025. 

Студирањето во Москва не се сведува само на добро дружење и прошетки по познатите места на градот, туку и едно опширно искуство на учење и градење односи со луѓе од целиот свет, кои ќе траат во текот на кариерата."

Повиците за апликации за програмите Шулих во Канада, за Лидер Проект во Скопје и за стипендии за студии на РАНЕПА во Москва се сеуште отворени.

Погледнете ги видеата поврзани за програмата, како и изјавите на сегашни стипендисти овде.

 

 

 

 

back