Др. Влахо Костов, Директор на Панасоник за централна-источна Европа и медитеранот, е нов член на Одборот за едукација на Македонија2025

posted March 16, 2017

For the english version please click HERE

Ни претставува чест да го најавиме приклучувањето на др. Влахо Костов во Одборот за едукација на Македонија2025. Влахо Костов е докторанд на Токискиот институт за технологија, каде што предавал и како вонреден професор на јапонски и англиски јазик. Тој има изработено 25 стручно-рецензирани елаборати во областа на технологијата и водел разни проекти за индустриски дизајн и иновација за време на студиите на универзитетот Стенфорд.

Господинот Костов работи во Панасоник во својство на Извршен директор за истражување и развој, и како директор за регионите централна-источна Европа и медитеранот. Костов е претставник на Панасоник во неколку менаџерски одбори на индустриски консортиуми и асоцијации. Господиниот Костов има повеќе од дваесет годинишно искуство во областите на белата техника, телекомуникациите и автомобилската индустрија и е посветен на раководење со технологии и развој на нови деловни стратегии. Господинот Костов е поранешен претседател на Меѓународната асоцијација за размена на студенти за техничко искуство (ИАЕСТЕ) во Македонија.

Влахо Костов има остварено огромен придонес за Македонија2025 во својство на говорник и модератор на Самитот во 2015 и 2016, а од 2017 господинот Костов ќе дава свој придонес и во активностите на мисловниот-работен центар (think-and-do-tank).

Тој изјави: „Воодушевен сум што сум дел од Одборот за едукација на Македонија2025 и ќе ми претставува привилегија да сум дел од инспиративен тим со цел да ја поддржам благородната кауза за градење на посилна Македонија“

back