Економистот и професор по менаџмент др. Владо Димовски е нов член на едукативниот одбор на Македонија2025

posted March 13, 2017

Ни претставува чест да го најавиме др. Владо Димовски, професор по менаџмент на катедрата за Економија на Љубљанскиот универзитет, како нов член на Одборот за едукација на Македонија2025. Професорот Димовски има докторат по менаџмент и финансии од Државниот универзитет во Кливленд, САД.

Господинот Димовски бил дел од словенечкиот Државен секретаријат за индустрија (1995 – 1997) каде што ја подготвувал стратегијата за зголемување на компетитивноста на словенечката индустрија. Димовски бил и Министер за труд, семејни и општествени односи и бил дел од словенечката постава во преговорите за членство на земјата во ЕУ.

Во приватниот сектор господинот Димовски бил советник за KcKinsey и AT Kearney. Тој давал експертско мислење на меѓународни институции (УНДП, Светска банка, НДИ и Пактот за стабилност, експертски здруженија (ФИБА), влади на држави (Црнагора, Македонија), како и мисловни центри (think tanks), влучувајќи ги CEPS во Брисел и Тркалезната маса за меѓународна економија на универзитетот Беркли.

Македонија2025 е особено почестена што господинот Димовски станува дел од Одборот за едукација, каде што ќе ги поддржува и напреднува истражувачките активности на организацијата. По повод вклучувањето во Македонија2025, др. Владо Димовски изјави: „чест ми е што добив покана да бидам член на Одборот за едукација и што можам да придонесам во исполнувањето на визијата на нашата организација“.  

back