Мислење за можното воведување на прогресивно оданочување на доход

posted August 9, 2018

Неодамна владини претставници објавија за можноста да се воведе прогресивно оданочување на доход, што покрена низа од прашања за деловната заедница. Иницирани од реакциите на компаниите и во координирани напори со AmCham и MASIT спроведовме детално истражување на оваа тема и подготвивме мислење, презентирано подолу. Вреди да се нагласи дека нашите изјави и ставови се однесуваат на даночен праг од 1,000 евра – информацијата е добиeна од јавни медиуми и досега не е официјално потврдена од владини претставници. Врз основа на оваа информација, сметаме дека даночниот праг е премногу низок и силно сугерираме прагот, заедно со моментот на воведување, да бидат ревидирани. Во зависност од развојот на работите во овој поглед, соодветно ќе ги ревидираме нашите ставови и за истите навремено ќе информираме.   

Мислењето за можното воведување на прогресивно оданочување на доход може го прочитате овде.  

back