МИНЕКС Европски Форум за рударство и истражување

posted May 3, 2018

Со задоволство ве покануваме да учествувате на МИНЕКС Европскиот Форум за рударство и истражување, кој ќе се одржи во Скопје, Република Македонија од 12-ти до 14-ти јуни 2018, на тема „Одржлив развој на Западниот Тетијски металогенетски појас“

 

Македонија 2025 се јавува како официјален партнер на настанот

Форумот ќе даде осврт врз рударските проекти развиени низ Балканот, Централна и Источна Европа, Турција и Кавказот. Настанот исто така ќе ги нагласи иновативните трендови во експлоатација и екстрахирањето, обработувањето, управувањето со отпад и затворањето на рудниците, како на европско, така и на светско ниво. Се очекува Форумот да биде посетен од над 200 меѓународни делегати кои доаѓаат од земјите на Балканот, Европа, Канада, САД и Австралија.

Програмата вклучува:

• Панели посветени на рударство, кои го нагласуваат развојот на проекти низ Западниот Тетијски металогенетски појас

• Панели посветени на зелена технологија, животна средина, регулатива и финансии

• Оптимизација на рудници и употреба на автоматизација во потрагата по минерали, како и панели посветени на процесирање и екстрахирање

• Саем кој ќе ги прикаже иновативните трендови во испитувањето и екстрахирањето, процесирањето и управувањето со отпад.

• Форум насловен „Кружната економија и одржливоста на политиките на рударство“ со високи претставници на владини делегации

• На 14-ти јуни се предвидени посети на рудници, управувани од македонски и меѓународни компании

Можности за говорници: Дали размислувате за учество на Форумот и сте заинтересирани да бидете говорник? Разгледајте ги условите и доставете апликација преку Формуларот за говорници.

Можности за изложување: Ограничени можности за изложување се достапни во конференциската сала. Ве молиме проверете ги условите  овде.

Услови за учество на делегати: Форумот овозможува средби со организации, кои се лидери во развојот на политики за рударство, иновативни рударски технологии и рударски проекти во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Условите за учество на делегати може да ги најдете овде.

Ве молиме имајте предвид дека котизацијата за меѓународни учесници изнесува 600 евра. Постои специјална котизација со попуст за локалните компании, во вредност од 200 евра по лице и 50 евра за гала вечерата.

Работен јазик: Официјален работен јазик на форумот е англискиот. Ќе биде обезбеден симултан превод кон македонски јазик, за време на двете главни сесии на 12-ти и 13-ти јуни. 

Повеќе информации за МИНЕКС Европа 2018 може да најдете овде: http://www.minexeurope.com/2018/

Македонија 2025 – Официјален партнер за МИНЕКС Европа 2018

За повеќе информации контакирајте нè на: Tel: +389 2 321 8631; Mob: + 389 72 311 591;  borche@macedonia2025.com

back