Инвестициите од дијаспората во Македонија сѐ уште не го покажале својот целосен потенцијал

posted October 12, 2017

To read the english version of this article, please click on the following link.

77% од испитаницте би ја препорачале Македонија како добра дестинација за инвестирање. Меѓутоа, инвеститорите од дијаспората се соочуваат со многу потешкотии во отворањето и водењето бизнис во земјата. Владата треба да вложи повеќе напори во максимизирање на нивното влијание и привлекување на што е можно поголем број инвеститори од дијаспората. Сепак, допрва останува да се види целосниот потенцијал на инвестициите од дијаспората во Македонија.

Македонија2025 по втор пат овозможи да се слушнат мислењата на инвеститорите од дијаспората преку организирање на годишното истражување и настанот насловен како „Тркалезна маса за инвеститорите од дијаспората“. По минатогодишниот успех, инвеститорите од дијаспората повторно имаа прилика да ги претстават своите проблеми и предлози, директно пред клучните претставници од Владините агенции. Преку заедничкото работење, Владините агенции може да им помогнат на инвеститорите од дијаспората, во градењето на една посилна нација. Подобрените услови и успешните приказни исто така ќе влијаат врз зголемување на инвестициите од дијаспората во Македонија.

Анкетата за инвеститорите од дијаспората беше спроведена во текот на месеците јули и август, 2017-та година. Истата беше испратена до 40 инвеститори од дијаспората, а во неа учествуваа вкупно 20 испитаници.

Според резултатите од анкетата, 55% од инвеститорите од дијаспората се соочиле со проблеми при отворањето бизнис во Македонија. Меѓу проблемите на кои наидувале се вборујваат неуслужливите владини агенции (36% од испитаниците), преобемната документација (27%), предолгиот период на разгледување на предметите (18%) и големиот број на општи барања (18%).

„Отворањето компанија и административните процеси треба да се одвиваат онлајн. Ова ќе го забрза процесот, а воедно и ќе ја намали можноста за корупција.“ – изјавил еден од исиптаниците.

Испитаниците се соочиле со следниве предизвици при водењето бизнис во Македонија: правна сложеност (39%), корупција (31%), владина администрација (31%), недоволни практични вештини кај дипломираните (31%) и недоразвиена деловна култура (31%).

Меѓу клучните заклучоци од тркалезната маса беше и назначувањето на стручни лица за контакт од владините институции, само за инвеститорите од дијаспората. Инвеститорите од дијаспората мора да знаат каде може да се обратат во моменти кога нивните проблеми ќе дојдат до точка на безизлез. Поедноставувањето на администрацијата, одвивање на онлајн процесите и обезбедувањето превод на сите потребни документи на англиски исто така беа потенцирани.  Меѓу другото, сето тоа би помогнало во тековната и значајна борба против корупцијата.

За среќа, дури 77% од испитаниците одговориле дека би ја препорачале Македонија како дестинација за инвестирање.  Ниските даночни стапки сè уште се огромен фактор за привлекување на странските инвеститори. Други причини за инвестирање во Македонија исто така вклучуваат ниски трошоци за труд (38% од испитаниците); ниски трошоци за водење бизнис (31%); и квалификувана работна сила (31%). Сепак, за разлика од другите странски инвеститори, грижата за семејството и пријателите (31%) и силните патриотски чувства (31%), се уште претставуваат важен поттик за инвеститорите од дијаспората.  

Инвеститорите од дијапсората се уникатен и драгоцен извор на инвестиции во Македонија. Нивниот потенцијален импакт врз земјата е огромен и нивните заложби не смеат да бидат земени здраво за готово. Дел од мисијата на Македонија2025 е да соработува со Владата и Владините инситуции со цел да им помогне на овие инвеститори во градењето на посилна Македонија.

Важно да се напомене е дека за време на настанот беше формирана и работна група, која ќе се залага за тековно разрешување на детектираните проблеми и предизвици со кои се соочуваат инвеститорите од дијаспората во Македонија.

Резимето од Анкетата за инвеститорите од дијаспората може да го најдете на следниов линк

back